Италијанското здружение на фудбалски тренери излезе со остар став и побара Израел да биде исклучен од сите меѓународни натпреварувања, вклучувајќи го и Мундијалот 2026, за кој во септември продолжуваат квалификациите.
„Вредностите на човештвото и спортот нѐ обврзуваат да реагираме со дела. Не можеме само да молчиме, да играме и да се однесуваме како ништо да не се случува. Веруваме дека тоа не е исправно. Премногу невини жртви има, меѓу нив и спортисти“, стои во соопштението на здружението.
Интересно е што токму Италија и Израел се во иста квалификациска група за Светското првенство и првиот натпревар ќе го играат на 8 септември во Дебрецен, додека вториот е закажан за на 14 октомври во Удине.
Фото: FIGC