Италијанците го сакаат Анчелоти за нов селектор, но…

by riste
1 минути читање

Италија сака да го договори Карло Анчелоти за нов селектор, но последните информации не се најповолни за нив.

Планот на Италијанците беше по завршувањето на Светското првенство да го убедат Анчелоти да ја прифати слекторската работа во својата земја.

Но, информациите од Јужна Америка велат дека Анчелоти наскоро ќе го продолжи договорот со Бразил дури до 2030 година, односно ќе ги води и на наредното Светско првенство.

Продолжување на договорот на Анчелоти со Бразил ќе значи дека пропаѓаат сите шанси на Италијанците и тие ќе мора да бараат ново име.

Како втор кандидат сега се посочува Антонио Конте кој е под договор со Наполи, но во преговори со Де Лаурентис ќе се најде начин за раскин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×