Фудбалската федерација на Македонија за играчи до 21 година го претрпе шестиот пораз во квалификациите за Европското првенство. Нашите надежи загубија убедливо (4-0) од соодветната селекција на Италија.
Натпреварот на „Карло Кастелани“ во Емполи мина во знакот на домашната репрезентација која победата ја најави уште во третата минута. Чер Ндур го отвори резултатот по асистенција од Давиде Бартезаги (1-0), а до полувремето немаше резултатски промени.
Во вториот дел во две минути примивме два гола, откако Липани и Екатор го пронајдоа патот до мрежата на Љупче Џеков за веќе убедливи 3-0. Во следниот период немаше многу промени, а точка на победата во завршницата стави Фини со гол од пенал во 86 минута за конечните 4-0.
Македонија во овој мартовски циклус ќе одигра уште еден натпревар, на гости кај селекцијата на Ерменија во вторник.