Репрезентацијата на Босна и Херцеговина по уште една драма и пенали успеа да се пласира на Светското првенство, а Италија ќе пропушти и трет Мундијал во низа.
Добро тргнаа Италијанците и не изгледаше дека ќе дозволат изненадување кога Кин постигна го лпо 15 минути игра. Сепак, проблемите почнаа во 41. минута кога Бастони заработи директен црвен картон.
Напаѓаше Босна, иамше повеќе удари кон голот, меѓутоа Италија беше опасна, иако поретко се играше пред голот на домаќините.
До израмнување Босанците стигнаа со голот на Табаковиќ на десетина минути пред крајот, а потоа немаше голови ниту во регуларните 90, ниту во продолженијата, па изведуваа пенали.
Во пенал серијата кај Италија не беа прецизни Еспозито и Кристанте и тоа беше довлно Босна да слави пласман на Мундијалот.