Италија од дома ќе го гледа светското, Шведска издржа на Сан Сиро (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Џиџи Буфон и Италијаните од дома ќе го следат СП 2018 откако вечерва не успеја да победат во реваншот против Шведска.

Италија ја имаше топката во свои нозе, притискаше и се обидуваше да постигне гол со кој ќе ја анулира негативата од првиот натпревар, но никако не успеваше да го најде патот до мрежата на Олсен.

„Аѕурите“ има неколку добри прилики, Кандрева биеше над голот во првиот дел, а Флоренци покрај стативата во второто полувреме. Во судиското надополнување опасен удар испрати и Ел Шарави, но голманот на гостите беше на висината на задачата.

На крајот Шведска се радуваше на пласман на мундијалот, а Италијаните со солзи во очите лежеа на теренот. „Аѕурите“ последен пат не настапија на Светско првенство во далечната 1958.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани