Италија нема гол на СП 4.310 дена, ќе чека уште најмалку четири години!

by 24 фудбал
0 минути читање

Кризата на Италија добива уште поразителна димензија, ако се погледне еден податок кој јасно ја отсликува ситуацијата.

„Аѕурите“ немаат постигнато гол на Светско првенство веќе 4.310 дена, а последен пат мрежата ја затресе Марио Балотели на дуелот со Англија во 2014 година.

Оттогаш Италија не само што не постигнала нов погодок, туку и не успеа да се врати на Мундијалот, па ќе пропушти и трет турнир по ред. Со тоа, паузата без настап на светската сцена ќе достигне дури 16 години, преседан за поранешен светски шампион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×