По неуспехот на „аѕурите“ да обезбедат настап на Светското првенство, денеска потфрлија и италијанските претставници во Европа, Болоња дома загуби со 1-3 од Астон Вила, а Кристал Палас со 3-0 ја совлада Фиорентина.
Калчото е во криза, Италија пе на добар пат да остане без клуб во Европа, разочарувачки резултати само една недела по неуспехот да се обезбеди пласман на Светското првенство.
Вечерва, Болоња со 1-3 загуби дома од Астон Вила, Оли Воткинс со два гола ги предводеше гостите до голема победа.
Форентина пак со 3-0 загуби на гостувањето кај Кристал Палас, Матета и Мичел во првиот дел најавија сигурна победа за „орлите“, а Сар во финишот го постави конечниот резултат.
На останатите средби, Фрајбург со 3-0 ја совлада Селта, а Порто и Нотингем одиграа 1-1 во Лига Европа.
Во Конференциска Лига, Маинц со 2-0 го совлада Страсбур, Шахтар со 3-0 славеше против АЗ Алкмар, а претходно во денот, Рајо со 3-0 триумфираше над АЕК.
ФОТО: X/Aston Villa