Италија ја чека битка за место на СП, а ако се пласира може да се најде во една од најтешките групи досега на мундијалите!

by Стефан
1 минути читање

Четирикратниот светски првак Италија повторно се наоѓа пред ризик да го пропушти третото Светско првенство по ред. „Аѕурите“ мора да минат две препреки за да обезбедат билет за Мундијалот во 2026 година.

Прво ги очекува дуел со Северна Ирска, а потоа ако слават, победникот од пресметката меѓу Велс и Босна и Херцеговина. Само така може да заврши 12-годишната изолација од најголемата фудбалска сцена. Навивачите ширум светот посакуваат Италија да се врати таму каде што, според традицијата, ѝ е местото.

Дополнителен притисок создаде фактот што ФИФА ги објави шеширите за ждрепката, откривајќи дека Италија ќе биде сместена во четвртиот барабан позиција што може да ја турне во вистинска „група на смртта“.

Освен домаќините (САД, Мексико и Канада), сите ривали од првиот шешир ќе бидат огромен предизвик: актуелниот светски шампион Аргентина, европскиот шампион Шпанија, потоа Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија и Германија.

Од вториот шешир можно е да ги добијат силните Хрвати, а од третиот, незгодните Норвежани или Шкотите.

На хартија Норвешка можеби не изгледа како фудбалски гигант, но одигра неверојатни квалификации со максимални 24 бода и импресивни 37 гола. Притоа, двапати ја понижи Италија, што дополнително носи грижа.

Ждрепката за Мундијалот ќе се одржи на 5 декември во Вашингтон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×