Италија го победи Израел во луд меч со девет гола и неверојатен финиш! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Италија со 5-4 славеше на гостувањето кај Израел кој домаќин беше во Унгарија, момците на Гатузо дојдоа до трите бода, но ептен добро се испотија за да ја остварат целта.

Израел беше домаќин на неутрален терен, па се очекуваше Италија полесно да дојде до трите бода, но тоа не беше случај.

Локатели си ја затресе мрежата во 16. минута за водство на Израел од 1-0, до крајот на првото полувреме Кин даде гол за израмнување на 1-1.

По седум минути игра во вториот дел Перец погоди и го врати водството на Израел, но само две минути подоцна Кин со нов гол израмни на 2-2.

Во 59. минута Политано даде гол за комплетен пресврт и водство на Италија од 3-2, Распадори во 81. минута даде гол за 4-2 и се чинеше дека тука е крајот, но не беше така.

Течеше 87. минута кога Италијанците пак си дадоа гол, овојпат Бастони ја погоди мрежата, а две минути подоцна Перец пак даде гол, сега за 4-4.

Но, и тоа не беше се, во 91. минута погоди Тонали за многу важна победа за Италија, конечни 5-4 за азурите.

Најубедлива вечерва беше Хрватска која со 4-0 ја победи селекцијата на Црна Гора.

Косово направи изненадување откако со 2-0 ја совлада Шведска, Данска со 3-0 славеше на гостувањето кај Грција, а Швајцарија со 3-0 ја победи Словенија.

Шкотска со 2-0 дојде до гостинска победа кај Белорусија, а Фарски Острови со 1-0 победи во Гибралтар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×