Италија без најефикасниот напаѓач против Германците

by 24 фудбал
1 минути читање

Селекцијата на Италија доживеа уште еден удар пред двомечот со Германија во четвртфиналето на Лигата на нациите.

„Аѕурите“ нема да можат да сметаат на својот најефикасен напаѓач за дуелот на „Сан Сиро“. Матео Ретеги доживеа повреда на бутниот мускул поради која ќе мора да направи пауза и ќе ги скокне дуелите со Германците.

Претходно на Италија ѝ откажаа Андреа Камбијасо, Матија Закањи, Федерико Димарко…

Првиот дуел во Милано се игра вечерва, а в недела е закажан реваншот во Дортмунд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани