Денеска од Шпанија пристигна вест која е историска за Барселона, но и шпанскиот фудбал.
Со години наназад се шпекулира дека Ла Лига би можела да одобри одигрување на натпревар во Америка, а за возврат да добие многу пари. Први кои натпревар од Ла Лига ќе играат во Америка се Виљареал и Барселона.
Ла Лига ја прифати понудата и ја проследи фо Фудбалскиот сојуз кој исто така одобри и остана само уште УЕФА да даде зелено светло.
Планоот е натпеварот од 17. коло кој е на програматана 20 декември место на „Ла Керамика“ стадионот да се игра во Мајами.
Засега бројки од овој проект не се откриваат. Ќе потсетме, Ла Лига започнува викнедов кога Барселона гостува на екипата на Мајорка со натпреварот в сабота од 19:30 часот.
Фото: FC Barcelona/FB