Историски момент за Шкендија: Со победа и во Букурешт си обезбеди европска есен! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Шкендија со уште еден триумф, сега на гостински терен во Букурешт со 1-2 си обезбеди европска есен бидејќи сигурно ако биде елиминирана од ЛШ, а потоа и од Лигата на Европа ќе игра во лигашката фаза од Конференциската лига.

Натпреварот започна мирно без премногу шанси на двете страни, домаќините ја имаа топката во свој посед, меѓутоа не успеваа лесно да дојдат до пред голот на Гаје.

Шкендија се закани во 14. минута преку капитенот Ибраими, но и домашниот чувар на мрежата беше на висина задача.

ФЦСБ до водство дојде од првата посериозна прилика кога одбраната на тетовски лесно дозволи Цисоти да влезе во прилика, а неговиот удар Гаје не успеа да го одбрани. Шкендија имаше среќа брзо да возврати и по само четири минути по една мешаница настаната по корнер, Лафити го најде патот до мрежата.

Тоа беа и најинтересните четири минути, во продолжение најмногу гледавме борба на средината со по некоја прилика на двете страни.

Шкендија можеше и порано да стави точка на натпреварот, но Ибраими пропушти 100% прилика во 81. минута. Сепак, ако тогаш македонскиот претставник не успеа, успеа некоја минута подоцна кога Ване Крстевски се запиша во листата на стрелци.

Во третото коло од квалификациите, Шкендија ќе се соочи со Карабах кој го елиминираше Шелбурн, меѓутоа за тимот на Јетон Беќири е уште поважно што веќе имаат обезбеден настап во лигашката фаза од Конференциската лига..

Можно е и ова да ти се допаѓа

×