Историски хет-трик на Јамал, шоу на Барса на 100-тиот натпревар на Флик (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Барселона со 4-1 го совлада Виљареал, Ламин Јамал го запиша првиот хет-трик, а Ханси Флик уживаше во шоу на неговиот 100-ти натпревар на клупата на „каталонците“.

Навивачите на Барселона беа сведоци на нова историја, Ламин Јамал попладнево го постигна својот прв хет-трик во Ла Лига, и стана единствениот играч кој со 18 години ја тресе противничката мрежата три пати.

Особено за одбележување е вториот погодок на младиот напаѓач, кој маестрално се ослободи од двајца противници и прекрасно пласираше на подалечната статива.

Виљареал немаше што да бара на „Камп Ноу“ и покрај тоа што Геј на стартот од вториот дел намали за 2-1.

Педри влезе по еден час игра, Барса почна повторно да доминира, па на крајот резултатот изнесуваше 4-1.

За Ханси Флик ова беше 100-ти натпревар на клупата, стратегот уживаше во шоуто на неговите избраници и можеше да биде задоволен од прикажаното.

ФОТО: X/FC Barcelona

Можно е и ова да ти се допаѓа

×