Историја за најмалата земја на светот: Се пласира на СП, па следеше инвазија на теренот (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Зеленортските Острови испиша историја со пласман на Светското првенство 2026. година, откако во последното коло од квалификациите убедливо славеше против Есватини со 3-0.

Ова ќе биде прво учество на оваа мала островска нација на еден Мундијал, а Зеленортските Острови станаа и најмала земја по површина која некогаш изборила настап на најголемиот фудбалски собир. Пред преполни трибини, селекцијата на тренерот Педру Бриту ја оправда фаворитската улога и без поголеми проблеми го завери билетот за САД, Канада и Мексико. Погодоците за историскиот триумф ги постигнаа Роча Ливраменто, Семедо и искусниот Стопира.

Во истата група, Камерун ремизираше со Ангола и сега ќе мора да чека развој на настаните во останатите групи за да дознае дали како една од четирите најдобри второпласирани селекции ќе се пласира на Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×