Малме и Копенхаген вечерва ќе го одиграат првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, а нивниот дуел веќе влезе во историјата како најкратко гостување на странски терен во ова натпреварување.
Растојанието помеѓу двата стадиони изнесува само 40 километри, што е помалку од еден час возење со автомобил. Градовите се поврзани преку прочуениот мост Оресунд кој е уникатна инженерска конструкција која се издига од подводен тунел во мост и директно ги поврзува Шведска и Данска.
Мостот е долг 16 километри, од кои осум километри се возат над морето, потоа се поминува преку вештачкиот остров Пеберхолм, пред патот да премине во подводен тунел долг четири километри.
Додека ова е најкраткиот пат што два клуба морале да го поминат за натпревар од Лигата на шампионите, најдолгото растојание го држат Бенфика и Астана. Двете екипи се разделени со дури 6164 километри.