288
Рио Нгумоха влезе во историјата на фудбалскиот клуб Ливерпул откако доби шанса од Арне Слот да заигра во победата над Акрингтон во ФА Купот (4-0).
Ова младо момче настапува на позицијата лево крило, а пристигна во Ливерпул лани од Челси. Слот му даде шанса да заигра од првата минута против нисколигашот и Нгумоха мина 72 минути на теренот.
Со тоа што беше стартер, тој стана најмлад во историјата на Ливерпул.
A new Reds record in the #EmiratesFACup 💫 pic.twitter.com/fOcsZfCiQu
— Liverpool FC (@LFC) January 11, 2025