ФИФА соопшти дека Стефани Фрапар ќе го води мечот меѓу Германија и Костарика кој се игра во четврток од 20 часот.
Фрапар веќе имаше настап на ова Светско првенство во улогата на четврти судија на мечот меѓу Мексико и Полска.
Француската судијка е позната по тоа што испиша повеќе историски моменти како жена главна судијка во одредени натпреварувања.
Во 2014 година судеше меч од Лига 2 во Франција, во 2019 во Лига 1, во 2019 го судеше Европскиот Суперкуп, а следната година имаше меч од Лигата на шампионите, во 2021 судеше квалификациски натпревар за Светското првенство.
Мечот меѓу Германија и Костарика треба да биде интересен бидејќи и двете селекции имаат шанси за пласман во осминафиналето. Германците имаат само еден бод, Костариканците три.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.