Испаднатиот ривал го „истрола“ Сити, а објавата стана светски хит!

by 24 фудбал
1 минути читање

Саутемптон не остана должен на критиките од Рубен Дијаш – дефанзивецот на Манчестер Сити кој по ремито не го криеше разочарувањето од одбранбениот пристап на „фенерџијата“, обвинувајќи ги дека не се ни обиделе да играат фудбал.

„Светците“ решија со доза на иронија да одговорат преку социјалните мрежи. Прво на Инстаграм објавија фотографија со наслов: „Изгледа никој од нас не играше“, а потоа следеше нова „стрела“ на мрежата Х: „Бод без ни да пробаме да играме“.

Иако Саутемптон следната сезона ќе се натпреварува во Чемпионшип, успеа двапати да го „истрола“ англискиот шампион и да покаже дека и социјалните мрежи можат да бидат поле за фудбалска пресметка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×