Исник Алими официјално замина од Сепси и се сели во Кина

by 24 фудбал
1 минути читање

Исник Алими и официјално ќе ја продолжи кариерата во Кина. Македонскиот репрезентативец замина од редовите на романски Сепси и се сели во Далијан Јингбо.

Овој кинески клуб ќе му плати обештетување на романскиот претставник. Сепси ја потврди разделбата со Алими кој се очекува да замине на потпис во Кина.

Уште една промена во нашиот тим: Исник Алими потпиша со кинески Далијан Јингбо и замина од Сепси ОСК. 30-годишниот играч за врска пристигна во клубот во летото 2023 година. Сакаме да му се заблагодариме за одиграното во дресот на Сепси и му посакуваме среќа во понатамошниот дел од кариерата“, напиша клубот.

Во кариерата Алими настапуваше уште за Габала, Шибеник, Римини, Виченца, Форли, долги години беше дел од Аталанта, а настапуваше и за Лумецане, Киево, Новиград и Охрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани