625
Романските медиуми пренесоа интересни информации поврзани со македонскиот репрезентативец Исник Алими.
Имено, на адреса на Сепси пристигнала понуда за дефанзивниот играч за врска од Кина. Далиан Јингбо од тамошното првенство е подготвен да плати непозната трансфер сума за да го доведе Алими во своите радови, а засега нема најави дали Романците ќе прифатат.
Алими во својата кариера пред Сепси настапуваше за Охрид, Новиград, Киево, Лумецане, беше дел од Аталанта шест години, но беше позајмуван во Форли, Виченца, Римини, Имолезе, Шибеник, а од 2021 до 2023 играше за Габала.