Искусен играч со огромно искуство во ПМФЛ е ново име за Шкендија Арачиново

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Шкендија Арачиново направи значаен чекор во обидот да избори пласман во Првата македонска фудбалска лига, откако го засили напаѓачкиот дел од тимот со фудбалер со богато домашно искуство.

Нов член на скопскиот клуб е Ален Јашаровски, кој се приклучува на Шкендија Арачиново по период без ангажман во првата полусезона, додека минатата сезона ја помина во дресот на Силекс.

Станува збор за офанзивец кој со години е присутен на македонската прволигашка сцена и добро ги познава предизвиците на домашниот фудбал.

Јашаровски низ кариерата настапувал за голем број клубови, започнувајќи од Металург, а потоа бил дел од Скопје, Хоризонт Турново, Еуромилк Горно Лисиче, Работнички, Македонија Ѓорче Петров, Шкупи, Ренова, повторно Скопје и Воска Спорт. Во својата кариера имал и интернационално искуство со настапите за косовска Приштина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×