На Сантијаго
Бернабеу, Шпанија ја пречека Италија во натпревар кој во голема мера решаваше
за врвот во Групата Г.
За Џиџи Буфон
оваа средба имаше посебно значење, голманот го забележа настапот број 170 во
репрезентацијата, што е рекорд во Европа.
Но тој нема по
добро да го памети мечот во Мадрид, Иско во два наврати го матираше а точка на
натпреварот стави Мората.
Фудбалерот од
средниот ред најпрво погоди од слободен удар во 13. минута, ситуација при која
Џиџи Буфон веројатно можеше подобро да реагира. Но голманот немаше шанси во 40.
минута кога Иско прецизно биеше во долниот десен агол од врвот на
шеснаесетникот за 2-0
Сите дилеми околу
победникот ги реши Мората при еден брз контра напад во 77. минута.
Со овие три бода,
„Црвената Фурија“ практично го обезбеди првото место на табелата и директен
пласман на мундијалот во Русија, а Италија ќе мора да се помири со бараж.