157
„Кралевите“
прокнижија нови три бода, попладнево избраниците на Зинедин Зидан триумфираа во
Памплона со 1-4.
Осасуна рано поведе со голот на Гарсија, но Иско конечно
погоди по 10 месеци во Ла Лига и изедначи на 1-1. Пет минути подоцна, Касемиро спушти на
втората статива а Рамос реализираше за пресврт и 1-2.
Во финишот на
мечот, гостите ја потврдија победата, Лукас заврши една контра за 1-3 а Јовиќ
само што влезе од клупата, со убав полуволеј ја затресе мрежата за 1-4 и прв
погодок по три месеци.