Вардар тргна со
триумф на подготовките во Австрија каде беше подобар од тамошниот прволигаш
Адмира, совладувајќи го на негов терен со 2-0.
Она што е
интересно од мечот, конечната победа беше најавена токму од летното засилување
за тимот на Гоце Седлоски, младиот Бесар Исени кој во својот прв настап во
дресот на Вардар успеа да дебитира со погодок.
„Среќен сум што
добив шанса за настап во првиот состав на Вардар. Уште посреќен сум што погодив
уште на мојот прв натпревар, а најсреќен поради тоа што успеавме да оствариме
победа. Сакам да им се заблагодарам на стручниот штаб и на моите соиграчи за
поддршката“ издвои Исени во изјавата за официјалниот клупски сајт.
20 годишниот Исени
летово во Вардар дојде од редовите на Шкупи, потпишувајќи тригодишен договор со
македонскиот шампион.
Извор:
fkvardar.mk
Фото: FK
Vardar (Facebook)