Екипата на Тотнем не победи и четврти натпревар во низа откако денес на својот „Вајт Харт Лејн“ беа поразени со 1:2 од одличниот Њукасл кој пак врза пет победи.
Започна добро Тотнем и преку Соланке стигна до водство по само четири минути игра. Сепак, таа предност не успеаа да ја задржат долго и веќе во шестата Гордон стрелаше за израмнување.
Во продолжение видовме по некоја прилика и на двете страни, а една своја прилика искористи Исак кој игра во супер форм. Шеваѓанецот погоди во 38. минута за целосен пресврт на гостите. За Исак ова беше 13 гол во сезоната и седми натпревар во низа на кој се запишува во листата на стрелци.
Иако беше интересно и во второто полувреме, погодоци сепак не видовме, па Њукасл се израдува на победата. Со овие три бода Њукасл е петти со 35 бода, додека Тотнем е дури 11-ти.