Исак постигна хет-трик и го даде најбрзиот гол сезонава во ПЛ во победата над Ипсвич (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Њукасл славеа убедливо на гостувањето кај Ипсвич Таун (0-4) во 17. коло на Премиер лигата.

Резултатот на „Портман Роуд“ го отвори Александер Исак по само 26 секунди игра. Швеѓанецот го постигна најбрзиот гол оваа сезона во Премиер лигата, надминувајќи го оној на Џејмс Медисон против Саутемптон кој падна во 36. секунда. Вториот гол во мрежата на Ипсвич беше дело на Марфи, додека во продолжението Александар Исак го комплетира хет-трикот во 47. и 54. минута.

Одличниот Нотингем Форест стигна до деветтата сезонска победа на гостувањето кај Брентфорд (0-2). Стрелци за „шумарите“ беа Ола Аина и Антони Еланга.

Нерешени 1-1 одиграа Вест Хем и Брајтон. Поведоа гостите преку Веифер во 51. минута, а потоа Мохамед Кудус израмни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани