Исак побарал да си оди, ќе го сруши ли Ливерпул пак клупскиот рекорд?

by 24 фудбал
1 минути читање

Александар Исак им соопштил на челниците на Њукасл дека сака да си замине од клубот, пренесе „Дејли мејл“, а потврди и Фабрицио Романо. Откако досега цврсто стоеја на ставот дека напаѓачот останува, во Њукасл сега се подготвуваат за можен трансфер и активно бараат алтернатива.

Најсериозен кандидат за негов ангажман е Ливерпул. И покрај тоа што го донесоа Екитике од Ајнтрахт за 95 милиони евра, „црвените“ остануваат заинтересирани за Исак. Романо пишува дека клубот од „Енфилд“ е подготвен да испрати понуда ако успее да го продаде Луис Диаз, за кого интерес покажува Баерн Минхен. Првата понуда од 67 милиони евра беше одбиена, но се очекува нов обид од германскиот првак.

Ливерпул наводно веќе подготвил пакет вреден околу 140 милиони евра за Изак, што би бил најголемиот трансфер во историјата. Клубот досега потроши приближно 450 милиони евра: по Вирц за 125, Екитике за 95, Керкез за 47 и Фримпонг за 40 милиони евра.

Швеѓанецот минатата сезона постигна 23 гола и запиша шест асистенции на 34 меча во Премиер лигата. Откако пристигна во Њукасл од Реал Сосиедад во 2022 година за 70 милиони евра, има вкупно 62 гола и 11 асистенции на 109 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×