Фудбалерите на Њукасл Јунајтед се радуваа на првиот дуел од полуфиналниот двомеч во Карабао купот против Арсенал со 0-2. Како гости „страчките“ славеа на „Емирати“ и на реваншот ќе имаат комфорна предност од два гола.
„Топчиите“ беа подобри на стартот, притиснаа и се обидоа да креираат шанси. Сепак, првиот гол падна пред полувремето и тоа во домашната мрежа. Стрелец на голот за Њукасл беше Александер Исак кој по асистенција од Марфи во 37. минута донесе 0-1.
Успеаја момците на Еди Хау во идеален момент да дојдат до втор погодок, а тоа беше на самиот старт на второто полувреме. Овојпат стрелец беше Ентони Гордон кој ја удвои предноста во 51. минута.
Притисна Арсенал до крајот и се обиде да се врати резултатски, меѓутоа не успеа во својата намера. Така, Њукасл реваншот на 5 февруари ќе го дочека со солиден резулат.