Иранските фудбалерки сега салутираа на химната пред натпреварот со Австралија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во период кога во Иран владее воена состојба, женската фудбалска репрезентација на оваа земја настапува на Купот на Азија кој се одржува во Австралија.

Во пресрет на натпреварот против домаќинот Австралија, иранските фудбалерки оддадоа почит со поздрав кон армијата, испраќајќи порака на поддршка во тешкиот период за нивната земја.

Интересно е што само два дена претходно, на дуелот против Јужна Кореја, иранските репрезентативки не ја пееја националната химна.

Тоа предизвика бројни шпекулации во јавноста. Дел од коментарите беа дека станува збор за протест против властите, кои наводно им наложиле на фудбалерките да ја пеат химната „за да не ја срамат својата држава“. Други, пак, сметаа дека причината е поврзана со големиот број жртви во Иран.

Сепак, неколку дена подоцна ситуацијата очигледно се промени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×