Иран поради политика избрка една од своите најголеми ѕвезди во репрезентацијата!

by riste
0 минути читање

Иако се уште не се знае дали Иран ќе биде дел од Светското првенство, познато е дека нивната ѕвезда, Сердар Азмун нема да биде во репрезентацијата.

Светските медиуми пишуваат дека Азмун е отстранет од репрезентацијата на Иран поради негова изјава.

Тој дал поддршка на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) кои неодамна беа цел на ирански напади.

31-годишниот напаѓач е член на Рома, но игра на позајмица во клуб од ОАЕ, Шабаб Ал-Ахли.

Азмун има импресивна статистика во дресот на иранската репрезентација, досега одиграл 91 натпревар и постигнал 57 голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×