Иран нема намера да настапи на мундијалот во САД: Илјадници наши граѓани беа убиени…

by bojan
1 минути читање

Министерот за спорт на Иран, Ахмад Дојанмали изјави дека ќе го бојкотираат Светското првенство кое летоска ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

ФИАФ е ставена пред сериозен испит, Иран најави дека нема да учествува на мундијалот.

„Со оглед на тоа што овој корумпиран режим го уби нашиот лидер, не постојат услови под кои би учествувале на Светското првенство“ – вели министерот за спорт, Ахмад Дојанмали.

„Во последните осум или девет месеци бевме принудени на две војни и илјадници наши граѓани беа убиени. Не постои можност да учествуваме“.

„Да беше друга земја домаќин, меѓународната заедница сигурно веќе ќе реагираше и ќе им го одземеше правото да го организираат натпреварувањето“ – додаде тој.

Иран требаше да игра токму во САД, и тоа во група со Белгија, Египет и Нов Зеланд.

Ваквите изјави следуваат откако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино вчера изјави дека Иран ќе настапи на Светското првенство.

„За време на нашите разговори, претседателот Трамп повторно потврди дека иранската репрезентација, секако, е добредојдена да учествува на турнирот во САД. Повеќе од кога било ни е потребен настан како Светското првенство за да ги обедини луѓето, и искрено му благодарам на претседателот на САД за неговата поддршка, која уште еднаш покажува дека фудбалот го обединува светот“ – рече првиот човек на светската куќа на фудбалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×