Инзаги: Со пораката за Тоти навивачите на Лацио покажаа колку се големи

by
1 минути читање

Иако Лацио и Рома се лути ривали и омразата меѓу двата клуба е голма, на синоќешниот меч против Интер, фановите на небесно сините со посебен банер го поздравија Франческо Тоти.

„Доживотните непријатели го поздравуваат Франческо Тоти“ – му порачаа на капитенот на Рома најверните навивачи на Лацио, ултрас групата Иридучибили од „Курва Норд“.

„Пораката за Тоти беше фер посвета за еден голем шампион. Тој ќе прекине оваа година, и јас имав многу дуели со него како играч и сега како тренер. Тоа беше убав гест од нашите фанови. Навивачите на Лацио се исклучителни и спортски настроени, покажаа колку се големи“ – вели Симоне Инзаги.

„Знаеме што се случува во овој град пред и по дерби натпревари, но минатата ноќ ја видовме и другата страна, посвета за еден шампион кој престанува да игра оваа година“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани