Инзаги: По пласманот во финалето добив порака од двајца тренери, на 1. јуни ќе ви кажам од кои!

by riste
1 минути читање

Симоне Инзаги импресионира како тренер на Интер, за три години двапати го однесе во финалето од Лигата на шампионите, овојпат на патот до таму ги мина Баерн Минхен и Барселона.

Инзаги открива дека добил пораки од брат му Пипо и уште двајца тренери за кои рече дека дополнително ќе им го каже името.

„Денот по пласманот во финалето од Лигата на шампионите, бев со моите родители. Но најдобрите пораки кои ги добив беа од мојот брат Пипо и двајца тренери на кои нема да им го кажам името. Тие знаат дека Интер направи голема работа. Ќе ги кажам на 1. јуни“, рече Симоне Инзаги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×