Инвестицијата на Манчестер јунајтед од 70 милиони заминува беспари

by bojan
1 минути читање

„Ѓаволите“ попладнево соопштија дека Касемиро заминува по крајот на сезоната, Бразилецот го напушта „Олд Трафорд“ како слободен играч.

Манчестер јунајтед нема да ја искористи опцијата да го продолжи договорот на Касемиро за додатни 12 месеци, па инвестицијата од 70 милиони евра, летоска беспари ќе го напушти клубот.

„Ѓаволите“ сметаат дека овој потег е испратен, Бразилецот е еден од најплатените на Олд Трафорд со неделни примања од околу 350.000 фунти, па на овој начин ќе се заштеди солидна сума.

„Од првиот ден кога истрчав на овој прекрасен стадион ја почувствував страста на Олд Трафорд и љубовта што сега ја делам со нашите навивачите кон овој специјален клуб“ – вели Касемиро.

„Ова не е време за збогување, треба да се креираат уште многу спомени во следните месеци. Треба да се бориме за уште многу работи, а целиот мој фокус, исто како и секогаш, ќе остане на тоа да го дадам максимумот за овој клуб да забележи успех“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×