Поранешниот фудбалер на Валенсија, Барселона и Спортинг, Жереми Матју стана вирален хит на социјалните мрежи откако позираше со муштерии во продавница на Интерспорт и му направи бесплатна реклама на ланецот продавници за спортска опрема.
Изминатиов викенд, Жереми Матју привлече големо внимание, Французинот кој со Барселона триумфираше во Лигата на шампиони и заедно со Меси, Нејмар, Суарез, Чави, Иниеста, Бускетс, Ракитиќ, Педро, Пике, Маскерано, Алба и Алвеш се радуваше на тројна круна во сезоната 2014/15, се решил за нормален живот по крајот на фудбалската кариера и сега работа како продавач.
Тој позираше покарај муштерии во продавницата на Интерспорт во околината на Марсеј, и на еден начин му направи бесплатна реклама на ланецот продавници за спортска опрема.
Како што пренесуваат локалните медиуми, купувачите навалиле во продавницата на Интерспорт за да се уверат дали навистина таму работи Жереми Матју, како и да побараат совет од поранешниот фудбалер за тоа кој производ да го купат.
Жереми Матју културно одбил да разговара со медиумите и да дава интервјуа, а еден муштерија вели: „Дојдов на шопинг, но и да го видам Матју. Го паметам од времето на таа фантастична Барса од 2015 година. Малку е забавно што го гледам како работи тука. Не знаеше да ми помогне за тоа што го прашав, но пред да излезам од продавницата ме праша дали сум ја добил бараната информација. Пријателски е настроен и супер љубезен. Во секој случај, убаво е да го видиш тука!“