242
Шкендија за евентуалниот плејоф за влез во Лига Европа имаше иста ждрепка како и за плејоф за влез во Лигата на шампионите.
Најпрво се случи ждрепката за плејофот во Лигата на шампионите каде ќе оди Шкендија ако го мине Карабах, противник ќе биде победникот од дуелот меѓу Лудогорец и Ференцварош.
Час подоцна се случи ждрепката за плејофот од Лига Европа каде Шкендија ќе игра ако загуби од Карабах, противник ќе им биде поразениот од дуелот меѓу Лудогорец и Ференцварош.
Значи што и да се случи против Карабах, следен противник на македонскиот шампион ќе му биде некој од бугарскиот или унгарскиот тим.