17 годишниот Елиф Елмас летово се реши својот развој на
кариерата да го гради во турскиот гигант Фенербахче, кој се чини дека направи
фантастична „зделка“ во овој случај.
Тимот од Истанбул изминатиов период правеше голем број
напори за тоа да добие специјална дозвола од ФИФА за да го регистрира Елмас да
не чека до јануарскиот преоден рок, но не успеа во тоа, па за девет дена иако нашиот
фудбалер ќе наполни 18 години, сепак само ќе може да тренира со ѕвездите од
првиот тим на Фенербахче.
Сепак, она што во моментов е мошне интересна тема за
дискусија во Турција, е сторијата која ја пренесуваат тамошните медиуми за тоа
каков „фудбалски дијамант“ изгубил Галатасарај пред само пет години.
Таткото на Елиф сакал да го однесе во Галатасарај, единствено
нешто што барал било неговиот син да тренира со таа екипа, а сите трошоци би ги
подмирил самиот тој.
Раководството на Галатасарај ја одбило оваа понуда на
таткото на Елиф, пет години подоцна (2017), екс стратегот од клупата на тој
тим, Фатих Терим се обиде да ја поправи грешката на тимот од пред пет години,
се обиде да издејствува Елмас да потпише за Галатасарај, но таткото на нашиот
фудбалер бил решителен во намерата неговиот син во никој случај да не потпише
за Галатасарај, поради ситуацијата од пред пет години.
Истовремено, познато е дека Терим правеше максимални
напори да го убеди Елмас да настапува за Турција, барем во периодот кога овој
познат фудбалски стратег беше на кормилото на таа селекција, но
суперталентираниот фудбалер се реши за Македонија.
Ова лето големиот ривал на Фенербахче одлично издејствува
за Елмас и доби фудбалски бисер во своите редови, кој ја воодушеви тамошната
јавност уште на дебито, а не му беше потребно многу за да го покаже и
демонстрира на теренот својот раскошен талент кој го поседува.
Извор: yenisafak.com