Интересна статистика, еве колку време Нејмар се тркала по терените во Русија

by
1 минути читање

Ѕвездата на ПСЖ
го навлече гневот на неутралните фанови со својата глума. Точно е дека
противниците не го штедат, врз него се направени 23 прекршоци, но многумина
сметаат дека тој премногу театрално паѓа на теренот.

Социјалните мрежи
се „запалија“ кога Нејмар се превртуваше покрај аут линијата против Мексико,
кога Мигел Лајун го нагазна на зглобот.

Денеска се појави
интересна статистика која вели дека поради глумата на Нејмар се загубени 14
минути на четирите меча на „Кариоките“ на Светското првенство.

Швајцарскиот
канал РТС пресметал дека Нејмар се тркалал по терените 13 минути и 50 секунди.
Најмногу против Швајцарија, односно 5 минути и 30 секунди, од кои речиси две
минути се потрошени само по стартот на Лајун. Најмалку на тревата поминал
против Србија, односно 1 минута и 56 секунди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани