Се’ е подготвено за големото градско дерби помеѓу Интер и Милан кое е предвидено да се одигра утре вечер во рамките на 23 коло од италијанската „Серија А“, дуел кој е од големо значење за обете екипи.
Интер во моментов заостанува три бода зад лидерот Јувентус, а веројатно е дека „Нероаѕурите“ до крајот на сезоната ќе се борат да ја сопрат долго годишната доминација на „Старата дама“ во Италија, а што се однесува пак до Милан, „Росонерите“ се на средина од табелата, меѓутоа имаат и натаму отворени можности за место во четворката.
Во меѓувреме, од Интер одлучија да настапат во специјално дизајнирани дресови на големото дерби, со што ќе упатат поддршка за Кина, земја која се соочува со кризен период поради опасниот „Коронавирус“, а меѓу другото, на самите дресови ќе биде испишана порака „Форца Кина“.