Аталанта и Интер вечерва го потврдија трансферот на Никола Залевски, фудбалерот од Полска се сели во Бергамо во зделка вредна околу 17 милиони евра.
Аталанта и Интер влегоа во клинч за трансферот на Адемола Лукман, но за кратко време си подадоа рака за трансфер на Никола Залевси.
Двата клуба вечерва потврдија дека фудбалерот од Полска се сели во Бергамо и ќе биде ново засилување за Иван Јуриќ.
„По Косуну, Сулемана, Аханор и Спортиело, Никола Залевски е петтото ново име во Аталанта ова лето“ – гласеше известувањето на „нероаѕурите“ од Бергамо.
Интер ќе направи убав профит од оваа зделка, со оглед на тоа што пред само два месеци на Рома и платија 6,5 милиони евра за негов ангажман.
Никола Залевски во јануари пристигна во Милано на позајмица, Интер беше задоволен од неговите партии и на 23. јуни ја искористи опцијата во целост да го купи.