Интер во вториот дел ја „скрши“ Пиза (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Интер се врати на победите во Серија А со сигурен триумф од 0-2 на гостувањето кај Пиза во 13 коло, веднаш по поразот во дербито со Милан.

Нераѕурите не дојдоа лесно до бодовите, бидејќи домашниот состав долго време добро се бранеше, но класата на Лаутаро Мартинез пресуди кога беше најважно.

По мирно прво полувреме, капитенот на Интер го отвори резултатот во 69 минута по асистенција на Еспозито. Во 83 минута Николо Барела го проигра Аргентинецот, кој прецизно реализираше за конечни 0-2. Мартинез можеше да стигне и до хет трик, но ја промаши шансата во финишот.

Во претходниот меч од колото Лече славеше над Торино со 2-1 и се оддалечи од дното на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×