Во Интер се
подготвени да реализираат трампа за да го доведат во сопствените редови Дејан
Кулушевски од Парма, а тоа „Нероаѕурите“ посакуваат да го сторат уште во
јануарскиот преоден рок, известуваат во Италија.
Зделката сигурно
нема да биде лесна за реализација, 19 годишниот Кулушевски инаку настапува за
Парма како позајмен од тимот на Аталанта, а до толку импресионираше што повеќе
европски гиганти го посакуваат во нивните екипи.
Интер е веќе во
преговори со Аталанта за несудениот македонски репрезентативец кој се предомисли
и почна со настапи за шведскиот национален состав, а во Италија шпекулираат
дека зделката би можела да се реализира за околу 40 милиони евра.
„Газета дело
Спорт“ тврди дека Интер е подготвен да го понуди левиот бек Федерико Димарко на
Парма, а Аталанта пак, ќе дозволи трансфер на Муса Бароу, за да се задоволат
сите страни.
Истовремено,
весникот додава во случај Интер да не постигне договор за Кулушевски, „Нероаѕурите“
своето внимание би го насочиле кон Родриго Де Пол од Удинезе, како и Артуро
Видал од Барселона.