Интер тргнува во невозможна мисија

by
1 минути читање

„Газета дело
Спорт“ пишува дека Интер е подготвен да влезе во игра за потписот на Алексис
Санчез, Чилеанецот има посебни барања околу продолжување на соработката со
Арсенал, наводно побарал 400.000 евра неделна плата.

Барањата на Санчез до Арсенал се можеби големи, па со тоа и двете страни се поизвесно е дека се далеку од договор, барем во моментов.

Актуелниот
договор на Санчез со тимот од Лондон истекува идното лето, доколку не се
пронајде заеднички јазик со раководството на премиерлигашот, тој ќе остане со
празни раце и нема да може да го продаде.

Веста за интересот на Интер за Санчез ја пренесоа и англиските медиуми, кои пак наведуваат дека Чилеанецот би бил идеален предводник во новата ера на калчолигашот од Милано.


За услугите на
Санчез интерес пријавуваат истовремено Баерн Минхен и Манчестер Сити, но
Арсенал нема намера да го дава својот најдобар фудбалер на ривал од
Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани