75
25-годишниот фудбалер играше две години во Рома пред да се пресели во Лондон во 2015 година. Во моментов е во Аргентина каде се опоравува од повредата која ја заработи во октомври.
Медиумите од Англија пишуваат за недоразбирања помеѓу Аргентина и Тотенхем околу повредата на Ламела, а тој ги информирал неговите пријатели дека за него сезоната е завршена. А се верува дека повеќе нема да игра за Тотенхем.
Кориере дело Според сугерира дека Интер будно ја прати ситуацијата и е подготвен да го врати Ламела во Италија.
Актуелниот договор на Ламела со Тотенхем е до 2018 година, тоа значи дека доколку тој нема намера да продолжи во Англија тие ќе мора да го продадат.