Интер: Тргајте ги рацете од Перишиќ!

by
1 минути читање

Информациите велат дека речиси Челси, Ливерпул и Манчестер јунајтед се заинтересирани за Иван Перишиќ, но Интер не ни помислува на негова продажба.

„Не мислам дека ниту Перишиќ ниту ние сакаме тој да си оди. Тој е дел од нашиот голем проект и не сакаме да ги продаваме нашите фудбалери. Не можеме да го оставиме Интер без Перишиќ. Нема да се разделиме со нашите најдобри фудбалери“ – вели директорот на Интер, Пијеро Аусилио.

Со доаѓањето на кинеските сопственици, Интер може да си дозволи да ги задржи своите најдобри играчи, но се очекува да биде активен на пазарот во летниот преоден рок и со купување на неколку квалитетни засилувања да направи конкурентен тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани