Џани Дракони, финансиски
експерт и уредник во „Соле24“ во својата анализа за Интер истакна дека не знае
како клубот од Милано воопшто успеал да влезе во Серија А и да се натпреварува
во најсилниот фудбалски шампионат на Италија.
Дракони подвлече дека
балансот на Интер на финансиски план е за речиси 30 милиони евра подолу во
однос на претходните години, и дека во моментов е целосно негативен и изнесува
84 милиони евра, оваа последна сума Интер ќе мора да ја надополни за да го испочитува финансискиот фер-плеј на УЕФА.
Додатно, тој во својата
анализа вели дека капиталот кој го внеле новите сопственици во клубот не бил
доволен за да се подмират долговите, па така истите изнесуваат цели 637,5
милиони евра, иако беше предвидено ланската година истите долгови да паднат за
300 милиони евра помалку, но до тоа не дојде.