Интер со гол од пенал во судиското продолжение ја победи Болоња (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Интер дојде до тешка победа од гостувањето кај Болоња, домаќините имаа водство но тимот на Конте на крајот се радуваше на триумф.

Резултатот беше отворен во 59. минута кога Сориано постигна убав гол за водство на Болоња од 1-0.

Лукаку во 75. минута постигна лесен гол израмнувајќи го резултатот на 1-1.

Во судиското продолжение од мечот Лукаку постигна уште еден гол, овој пат од пенал за победа на Интер од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×