Интер сигурен, рутински го реши Лече (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Лидерот во Италија, екипата на Интер не дозволи изненадување и во 26. коло од Серија А славеше победа над Лече со 2-0.

Доминираа избраниците на Киву во текот на комплетните 90 минути, Лече немаше ниту една сериозна закана кон голот на гостите и не упати удар во рамките од голот.

Сепак, Интер не постигна гол во првите 45 минути. Мрежата се тресеше во 51. минута кога Димарко стрелаше, меѓутоа тој гол беше поништен поради офсајд.

Водство за Интер конечно донесе Микхтаријан на 15 минути пред крајот, Аканџи во 82. минута само го потврди триумфот на фаворитот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×