Интер сериозно казнет поради „лудоста“ на еден навивач, полицијата објави видео од моментот во Кремона (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Интер доби забрана за гостувања на навивачите која ќе трае до 23 март.

Забраната доаѓа поради последната средба во Кремона против Кремонезе кога полски навивач фрли пиротехника на теренот и падна веднаш до голманот Емил Аудеро. За среќа тој мина без повреди, а навивачот беше уапсен и си направи сериозен проблем.

Поради овој потег од Серија А одлучија Интер да биде казнет, а за нивна среќа санкцијата нема да важи за гостинското дерби против Милан на 8 март бидејќи нема патување. Фановите нема да можат да ги следат играчите на гостинските средби против Сасуоло, Лече и Фиоренитна.

Инаку, полицијата објави и видео од моментот кога полскиот навивач фрла пиротехника на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×