Директорите на Интер синоќа се сретнаа со своите колеги од Клуб Бриж и направиле обид да го украдат Ардон Јашари од пред носот на Милан, но фудбалерот одбил ваков трансфер бидејќи од дете навива за „росонерите“.
Делегација на Клуб Бриж вчера пристигна во Милано на средба со Интер и преговори за трансфер на Александар Станковиќ.
Во прв момент се говореше дека „нероаѕурите“ со една ваква зделка можат да му помогнат на Милан да стигне до потписот на Ардон Јашари.
Но како што пренесува белгискиот инсајдер Саша Таволиери, Интер се обидел да го украде Ардон Јашари од пред носот на лутиот локален ривал и го понудил Александар Станковиќ, плус 30 милиони евра за да стигнат до потписот на репрезентативецот на Швајцарија.
Сепак, Ардон Јашари одбил ваков трансфер бидејќи од дете навива за „росонерите“ и доколку се пресели во Милано, тоа ќе биде само во „црвено-црната“ половина од градот.
Интер на маса ставил и втора опција, односно Александар Станковиќ, како и додатни 22 милиони евра за ангажман на дефанзивецот Жоел Ородњез.
ФОТО: X/Club Brugge KV